Сигурно некогаш сте се запрашале што мисли вашиот нов партнер за вашето тело кога прв пат ќе ве погледне без облека.
Трејси Кокс, објавуван автор на книги за совети за врски и секс, издвојува неколку работи кои им поминуваат на памет во оваа ситуација на двата пола и објаснува зошто е тоа така.
Што мислат мажите:
1. „Јес! Ќе имам секс!“ – Мажите речиси никогаш не се сигурни дека ќе имаат секс, така да во овој момент се многу среќни.
2. „Дали ми е доволно голем?“ – Мажите ќе ја бараат реакцијата во вашиот израз, за тоа дали сте задоволни од големината.
3. „Дали ќе издржам?“ – Долго време сакал секс со вас, па кога ќе дојде до овој момент притисокот е голем и може се да се случи, затоа го мачи ова прашање.
4. „Како и изгледаат градите?“ – Во моментот кога ќе ви ги здогледа градите, бидете сигурни дека добро ќе ги проучи и ќе процени дали се добри.
5. „Каква и е фризурата доле?“ – Мажите обрзнуваат внимание на ова, но за жените ова е тешко, бидејќи некои мажи сакаат депилирани препони, а друга пак не. Не можете да знаете.
Што мислат жените?
1. „Какво му е телото?“ – И на жените им значи визуелниот елемент, така што веднаш штом се соблечете очекувате да го проскенира вашето тело и да најде што и се допаѓа, а што не.
2. „Кој е позгоден, јас или тој?“ – Со проучување на телата, жената проценува кој е во подобра форма, таа или вие. И најчесто заклучува дали треба да почне да вежба.
3. „Колкав му е?“ – Да, жените ги интересира ова. Не би сакале преголем пенис од страв сексуалното искуство да не биде болно. Но исто така, не би сакале ни премал…
4. „Има ли ерекција?“ – Жените ова веднаш го гледаат бидејќи сакаат да знаат дали ве возбудуваат. Ако немате ерекција, веднаш ќе мисли дека нешто не е во ред со неа и дека не прави нешто како што треба.
5. „Што мисли тој за моето тело?“ – Нема да ви го постави ова прашање, но што ќе се најде гола пред вас ќе го прати изразот на вашето лице и ќе проба да одгатне што мислите. Нормално, највеќе и се допаѓа изразот кој вели „Прекрасна си и многу те посакувам“.
