Бакнежи, бакнежи и само бакнежи… Се прашувам зошто се толку значајни?! Еден од најчестите причини за раскин е она ” Mалечката е неискусна” или ” Тој не знае да се бакнува”… Aјде да видиме што велат истражувањата во однос на ова прашање…
Бакнежите се составен дел од секоја врска и исто како и сексот, можат да ни помогнат да се опуштиме и да се ослободиме од напнатоста и нерасположението.
Освен некои здравствени придобивки, бројни студии досега покажаа дека бакнежите можат да ги насочат односите во вистинската насока или да ги фрлат во пропаст. Истражувањето на професорот по психологија Гордон Галуп покажа дека 66 отсто од жените и 59 отсто од мажите ја прекинале врска, бидејќи партнерите не знаеле убаво да се бакнуваат. Некои други студии пак, потврдија дека многу луѓе повеќе се сеќаваат на првиот бакнеж, отколку на првиот секс.
Ако сакате да знаете во која категорија припаѓате, ама и дали треба да промените нешто во оваа единствена вештина, во продолжение прочитајте кои видови на бакнежи не се посакувани и можеби токму поради тоа немате успех во врските. Експертот за односи и врски и говорот на телото Katia Loisel за elitesingles.co.uk, објасни кои се лоши бакнежи и како да се променат.

Премногу влажен бакнеж
Како да се објасни неуреден бакнеж, а да се избегне зборот плунка? Па, се разбира, никако. Значи, невешт бакнеж се однесува на луѓето кои во занесот не се свесни дека внесуваат премногу“течност”. Помислете си само за момент како се чувствува во тој момент другата личност и свесни сте дека, токму овој бакнеж ќе биде пресуден во следниот спој.
“Мртва риба”
Сигурно ви е позната фразата дека некој се бакнува како “мртва риба”. Всушност, се однесува на некоја личност која се бакнува многу еднолично. А, другата личност би можела тоа да го сфати дека е премногу досадна, па личноста што е покрај неа воопшто не се труди. Па дури и ако немате големо искуство со бакнувањето, пробајте барем да оставите впечаток дека се трудите.
Неконтролиран јазик
Не, не и не! Зар навистина мислите дека некому би можело да му биде пријатно ако јазикот на другата личност има премногу агресивни и неконтролирани движења? Контрола, сензибилитет и уметност.
Рептилски движења
Многумина знаат да се занесат во налетот на страстите, но и понатаму не знаат што да прават со јазикот, па нивните бакнежи наликуваат како рептил кој замавнува со опашката. Смирете се и правете го тоа пополека. Страста може да биде искажана на многу подобар начин. Иако некои студии покажаа дека мажите повеќе сакаат да се бакнуваат со јазик за разлика од жените, ретко кој од нив ќе се согласи дека секогаш сака да ја игра главната улога.
Проблеми со контролата
Интензивните и страсни бакнежи во филмските сцени секогаш изгледаат фантастично, но токму затоа се изведуваат само на филм. Заборавате дека сето тоа е многу добро наместено, па ако го форсирате својот начин, другата личност ќе се запраша дали во добриот бакнеж учествуваат двајца.
