Free zone

Дрскиот маж лесно освојува женски срца!

Дрскоста е особина која ти овозможува лесно да излезеш од замките. Мораш да бидеш доволно дрзок да го направиш тоа што декларативно се смета за негативно, но во суштина, се бара од мажите. Позитивната дрскост се сведува на пробивање на лажни граници и доаѓање до оние правите, по кои може да се живее со целата душа.

  • Само дрскиот маж може без никакви проблеми да ѝ пристапи на девојка која е сто пати позгодна од него. Мислата дека “таа е совршена и дека заслужува некој кој е на нејзино ниво“ ќе ја помисли само некој кој живее и игра по одредени правила и сака да живее во логички свет. Но, женскиот вкус е голема загатка, како за научниците така и за обичните смртници. И затоа дрскоста кај девојките може да предизвика заинтересираност, особено ако мажот претходно работел на неговиот карактер и заводничка техника.
  • Да заприметиш непозната девојка која ти се допаѓа, и да и пријдиш за да се запознаете и да започнете разговор, не е ни најмалку пријатен чин, бидејќи со себе самиот чин носи огромен ризик. Таа може да ни го сврти грбот, да нѐ навреди, или со нејзините гестови да ни покаже дека воопшто не е заинтересирана. Дури и кога ни даваат сигнали. За тој чин на приоѓање во нејзиниот живот и презентирање на самите себеси како нешто што таа би го посакувала, потребна е солидна количина на дрскост. Голем број мажи ја немаат, па се ориентираат кон сигурната варијанта: пријателки од познаник, колешки од на факултет или од работа, и жени кои веќе ги познаваат.
  • Дрскоста може да донесе и многу повеќе, доколку си спремен на тотален ризик. Многу девојки сакаат дрски и изненадувачки бакнежи во стилот на црномурести јунаци од мексиканските сапуници. Само така жените ќе ја покажат нејзината наклонетост кон мажите и ќе признаат: “Тој е вистински страствен маж”. Вистински затоа што мажот е дрзок. Значи, ништо без ризик.Зошто на жените им се толку привлечни дрските мажи кои се спремни на ризик?

    Бидејќи тоа им недостасува. Девојките повеќе од сѐ сакаат да играат љубовна игра. Нив им е страв од ризици, па затоа им препуштаат на мажите да се носат со тоа.

Напиши коментар