Режисерот Џејмс Камерон не не изненади со големите планови кои ги има за својата нова “Аватар” франшиза, која ќе има дури три дела. Официјално потпиша договори со актерите од првиот дел на филмот, па љубителите на Аватар ќе уживаат во новите авантури на главните ликови.
Сем Вортингтон и Зои Салдана кои играа во оргиналот – првиот “Аватар” 2009. година, ќе ги толкуваат главните улоги во новите продолженија.
Другиот член на актерската трилогија ќе биде Стивен Ленг, кој во оригиналниот филм го глумеше британскиот воен командант. Дали неговиот лик ќе биде оживеан во новите продолженија, не е познато. Сепак, откриени се интересни информации кои ќе ја разбудат имагинацијата на филмските фанови. Вортингтон и Салдана во новиот филмски проект ќе имаат деца.
Премиерата на првиот дел од франшизата се очекува во декември 2016. година. Вториот дел е планиран за 2017. година, а завршниот дел од трилогијата, кој е воедно и четврто продолжение на “Аватар”, светлото на денот треба да го здогледа на крајот на 2018.