After Midnight

Еве како до подобар и квалитетен секс

. Кога следниот пат ќе се запрашате поради што понекогаш за вечера чувствувате ненадеен и нејасен љубовен нагон, погледнете најпрво на трпезата, затоа што во неа можеби лежи главната причина. Од друга страна, оваа мисла Вам можеби Ви звучи силно примамлива – во тој случај размилете околу вметнување на одредени продукти на секојдневнта листа за набавка на храна.

Јајца 

Тврдо варените, пржени, кајгана и омлет – јајцата се многу богати со витамин Б6, кој му помага на нашето тело при регулирање на хормонот и при спротиставување на стресот. Доколку сте биле изложени на преголем стрес, било тоа да е на работа или надвор од неа, се намалува Вашиот љубовен нагон, па така, потребно Ви е што побрзо да направите некои од горенаведените рецепти со јајца или да вклучите и друга храна богата со витамин Б6, како што е спанаќот, зелката, грашокот, семките од сончоглед или риба. 

Бифтек

Голема радост за сите љубители на месо – говедското месо има способност да го ограничи производството на пролактинот, хормонот кој, доколку нивото му се подигне, може негативно да делува на сексуалниот нагон. Што се однесува на лицата кои им е драга вегетаријасната храна, не очајувајте, поради тоа што вегетаријанците можат да добијат стимул од кафениот ориз, р’жниот леб и зелено лиснатиот зеленчук. 

Јагоди 

Покрај тоа што ова овошје само по себе изгледа многу неодоливо, тоа во себе содржи и многу антиоксиданси, а исто така влијае на подобрување на општата циркулација, со што Вашите шанси за страствен состанок уште повеќе ќе се зголеми. 

Чоколада 


Постои и тоа како добра причина поради која овој деликатес е избор број еден кога е во прашање женската популација. Чоколадата содржи соединение познато под името метилксатин, кое го помага лачењето на допаманинот во нашето тело. Благодарение на тоа, опиени сте од задоволство и можете безусловно да се препуштите на прегратките. 

Напиши коментар