After Midnight

Еве како реагира вашиот мозок по раскинување на врската

Кога доаѓа до прекин на една врска, обично се споменува скршено срце, меѓутоа ни мозокот не поштеден од проблеми…

Крајот на една врска е трауматичен на повеќе начини, а најчест термин кој се користи во тие ситуации е “скршено срце”. Сепак, според истражувањата многу поточен израз за тоа е “болен мозок”.

Научниците од Универзитетот Мичиген докажале дека менталната реакција по крајот на една врска е еднаква на физичка болка. Попрецизно, се активираат истите делови на мозокот кога се повредувате или се потсетувате на лошите детали од прекинот на врската.

Колку била подолга и позначајна, невролошките ефекти по прекинот на врската биле подлабоки бидејќи со текот на времето партнерите се’ повеќе се синхронизираат и се создава невролошка врска. По прекинот, таа “патека со два правци” останува со еден правец, па затоа ни е потребно подолго време да заборавиме на болката.

Сепак, научниците велат дека има и лек – кога сте среќно заљубени чувствувате помала болка, па најдобар рецепт за заборавање една љубов е започнување на нова.

Write A Comment