After Midnight

Еве што се случува со вашето тело кога имате секс

Еве неколку интересни факти кои влијаат на водењето љубов.

Прагот на болката се зголемува

Возбудувањето е причината поради која гризењето или влечењето за коса не сметаат и не се толку болни во споредба кога не сте во сексуален однос. Прагот на болката за време на сексуалното возбудување може значително да се зголеми. Иако тоа би можело да помогне пенетрацијата да биде попријатна, експертите предупредуваат дека тоа има и негативна страна: некои луѓе можат да се повредат, а тоа да го сфатат после сексот.

Тврди брадавици и поголеми гради

Следен пат кога ќе се фатите со работа, за момент погледнете што се случува со женските гради за време на зголемувањето на возбудата. Како резултат на зголемениот проток на крвта, брадавиците за време на сексот стануваат потемни од нормалното. Истражувањата покажуваат дека кај некои жени градите отекуваат за време на сексот, а тоа влијае на нивната големина.

Осип при забрзување

За време на сексот расте температурата на лицето и телото, што ја објаснува можноста за тоа вашето лице и гради да поцрвенат за време на сексуалниот однос. Освен тоа, забрзаниот проток на крв и зголемената работа на срцето предизвикуваат “сексуално руменило” кај многу луѓе. Тоа се јавува како црвенкаст или розевкаст осип на лицето, вратот или градите, а заминува кога сексуалното возбудување престанува.

За време на оргазмот мозокот останува без свест

Движењата на телото кои луѓето ги прават за време на оргазмот се потполно несвесни, покажало скенирањето на мозокот што е правено токму во тие моменти. Кога луѓето доживуваат оргазам, мозокот во целост се блокира. Тоа е делот на мозокот кој управува во моментите на страв и анксиозност.

Грчење на мускулите 

Додека трае оргазмот, се грчат многубројни мускули, што е припрема за активација на вагиналните мускули кај жените, докажале експертите. Оргазмот предизвикува напнатост на мускулите во нозете, рацете, вратот, стомакот и лицето.

Write A Comment