After Midnight

Еве зошто изневеруваат жените!

Жените изневеруваат исто колку и мажите. Понекога заради одмазда, понекогаш ошто е презаситена или и е досадно.

Одмазда. Во одредени случаи, кога мажот изневерил, неговата партнерка може да изневери само и само за да му покаже колку боли да си на другата страна на неверството.

Љубомора. Веројатно се прашувате чија љубомора. Одговорот е – и љубомората на мажот и љубомората од страна на жената.

Неговата љубомора. Често се случува мажот да е опсесивно или посесивно љубоморен, па да ѝ забранува многу нешта на својата партнерка и да прави скандали од најмали ситници. На пример, таа учтиво му се насмевнува на продавачот, а партнерот избувнува од бес. Или пак ѝ забранува да излегува со пријателките за евентуално да не го изневери и да не биде мета на комплиментите и додворувањето на други мажи. Во таков случај, таа може да го изневери затоа што ѝ дошло преку глава да биде контролирана.
Нејзината љубомора. Ако мажот е привлечен и добива големо внимание од женскиот пол, тогаш неговата партнерка може да изневери за да покаже дека и таа може да биде привлечна за спротивниот пол. Во овој случај не се работи за одмазда, туку таа всушност си докажува себеси и/или му докажува на својот партнер дека ако сака, може да краде погледи.

Отсуството на интимност и сексуална поврзаност. Скоро во секоја долга врска има „сушни“ периоди кога наместо како страсни љубовници, мажот и жената започнуваат да се чувствуваат како пријатели или цимери. Отсуството на интимност може да влијае лошо на самодовербата на жената или кај неа да предизвика сомнеж дека партнерот повеќе не ја сака и посакува, па дури и дека ја изневерува. Факт е дека мажите е поверојатно да имаат афера ако не се чувствуваат сексуално задоволени, бидејќи жените многу повеќе изневеруваат за да добијат емотивна интимност. Сепак, жените уживаат во бакнежите, прегратките, физичката и сексуалната интимност и ако не ги добиваат во врската, ќе бидат искушувани да ги побараат надвор од неа.

Write A Comment