Celebrity

Го чекаме новиот албум на Шакира

Новиот студиски албум на Шакира ќе биде насловен “Shakira”. Пејачката изјавила дека се одлучила за своето име бидејќи се пронашла во скоро сите песни за време на снимањето. Се очекува албумот да биде издаден на 24 март во Велика Британија и на 25 март во САД. “Кога дојде време да се ибере име за албумот сватив дека тоа не е проект, во врска со одредена тематика. Љубовта секогаш ме инспирирала и повторно е водечка во речиси сите мои песнии, но додека работев на албумот научив многу за себе.

Периодот на неговото создавање опфаќа основни моменти од мојот живот, меѓу кои е и раѓањето на мојот син Милан”. Изјави пејачката во отвореното писмо до своите фанови на Фејсбук.

Албумот опфаќа песни од различни жанрови и затоа пејачката признава, дека не може со точност да се утврди музичкиот стил на проектот.

Write A Comment