Многу од истражувањата покажаа дека 30% од случаевите при употреба на презервативи и несакана бременост или пренос на полови болести се случува при неправилна употреба.
Прерано отварање
Правилен начин на отварање на кондомите е да се стави веднаш на пенисот во ерекција. Ако стои отворен, се уништува латексот и може да се случи кинење.
Нема простор на врвот
Ако нема доволно место на врвот каде што би се собрала спермата, кондомот во ејакулација може да пукне. На ова мора да се пази и да се остави простор на кондомот.
Подмачкување со масло за бебиња
Било кој тип на масла му штети на латексот. Ако сакате подобро да лизга, користете лубрикант базиран на вода или силикон.
Го става прекасно
Може да останете бремени и од преејакулација. Затоа, пред да ви се приближи или да пенетрира, обавезно проверете дали сте ставиле кондом.
