After Midnight

Грешки во креветот кои мажите не ги простуваат!

Постојат некои работи во сексот кои жените погрешно ги прават, а на мажите никако не им се допаѓаат. Честото повторување на овие грешки може да доведе и до прекинување на врската. Ако не сакате тоа да ви се случи, време е за малку “образување”…

Разговарате за физиолошки теми – Во текот на сексот добивате посебна инспирација да зборувате, а темите ви се во главно физиолошки? За мажите нема ништо полошо. Се знае за што треба да се зборува кога се има акција во креветот, во предвид доаѓаат само темите кои можат да ги возбудат.

Ќутите и трипите – Не ви се допаѓа како партнерот ве допира, но не сакате ништо да кажете и очекувате тој да ви ги прочита мислите? Тој знае кога тоа се случува и се чувствува лошо! Прозборете и кажете му што сакате, тоа ќе му се допадне.

Глумите порно девојка – Мислите дека морате да се однесувате како актерките од порно филмовите? Размислете уште еднаш. Мажите сакаат кога жените уживаат, но премногу викање не делува ни малку уверливо. Престанете да глумите.

Се гадите од орален секс – Оралниот секс ви се гади? На мажите им се гади од таквото размислуваење! Тие не можат да поверуваат дека сеуште постојат жени кои во 21. век мислат дека оралниот секс е перверзија. Тие на оралниот секс гледаат како на можност жената да го задоволи мажот, а мажот жената. Размислете малку за тоа…

Молење – Сакате кога тој ве моли? Е, мажите тоа го мразат. Особено не сакаат кога мораат да ве молат за секс. Тоа е сигурна карта да го побараат на друго место. Покажете му дека го посакувате, немојте да очекувате дека тој скогаш ќе покажува иницијатива.

Write A Comment