27-годишниот сопруг се обидувал седум недели. Одбиен е 27 пати со разни изговори, а не е одбиен само 3 пати…
Веројатно од очај или недостаток на имагинација да ја убеди својата сопруга да спие со него, овој маж ги запишувал сите нејзини изговори. Кога таа требала да отпатува некаде на 10 дена, тој и ја испратил табелата со 27 изговори и и порачал дека нема да му недостасува.
Сопругата решила да го казни, па дел од списокот објавила на интернет. Некои од изговорите биле:
– Испотена сум и “смрдам”. Морам да се истуширам ( не се истуширала до следното утро).
– Гледам серија ( реприза на “Пријатели”).
– Премногу сум уморна.
– Пробувам да гледам филм ( заспала за 15 минути).
– Не се чувствувам добро. Се прејадов.
– Морам да станам рано.
– Пијан си.
– Гледам емисија, не сакам нешто да пропуштам.
– Не.
