Free zone

Иако љубовниците им се помалку згодни од сопругите, сепак изневеруваат?

Mажите кои одговарале на анкетата признале дека сопругите се позгодни и поатрактивни од своите љубовници, со тоа се сложиле и жените кои изневеруваат. Само 30% од мажите сопругите ги изневериле со помлади жени, а само четвртина од мажите сметаат дека својата љубовница е поубава од својата сопруга.

Па тогаш која е целта на изневерувањето? Мажите признале дека своите љубовници се пострастни, подобри во сексот и повнимателни.

Повеќе од половина женски испитаници исто така се сложуваат дека нивните сопрузи се позгодни од нивните љубовници, но 50% од жените велат дека нивните љубовници сепак се во подобра физичка форма.

Слично како машките испитаници, жените рекле дека нивните љубовници се подобри слушатели и дека се пострастни од своите партнери. Дури 89,6% од жените признале дека имаат чувство дека нивните љубовници во кревет ги ценат многу повеќе отколку нивните сопрузи.

Напиши коментар