Иако ова му беше прва професионална борба, Кори Конвеј ја заврши пред да почне – со нокаут во петта секунда
Секој кој сеуште не беше на своето место пред почетокот на борбата помеѓу Кори Конвеј и Еј Џеј Леоне го пропушти нокаутот кој следеше само по пет секунди откако судијата го означи почетокот на мечот.
Жртва беше Леон, а Конвеј повеќе време помина одејќи по рингот и славејќи ја победата, отколку што се бореше. Секако, ова не е воопшто лошо за едно 18-годишно момче кому ова му е прва професионална борба.
