Психолозите во Њујорк утврдиле дека Американците често за себе избираат професија која ги содржи истите букви како и нивното име или презиме.
Психолозите од Државниот Универзитет во Њујорк , на чело со Брет Пилхем, утврдиле дека имињата и презимињата на луѓето можат да имаат влијание на професијата која ја избираат. Овој феномен научниците го нарекле имплицитен егоизам.
Мажите повеќе се врзуваат за презимето, додека кај жените нивната професија е често сродна со името, што е објаснето со фактот дека жените за време на склпоување на бракот често го превземаат презимето на својот партнер.
Во склад со овој феномен, психолозите настојувале да ја истражат целата документација од 1990. година за регистрираните правници и стоматолози, настојувајќи да ги извлечат најчестите имиња. Резултатите од истражувањето велат дека америчките стоматолози (анг. Dentist) најчесто се викаат Денис, Дени, Дена, Дениз, додека правниците се Лорен, Лоренс, Лори, Лора.