Сте слушнале за вежбите на Кегел, но знаете ли зошто се толку важни за секоја женa? Ќе ви го објасниме тоа едноставно – ако имате здрави мускули, имате поголема контрола на телото. Со вршење на оваа интимна гимнастика која се состои во контракција и опуштање на мускулите на карлицата, вие влијаете врз центрите на задоволството.
Протокот на крвта во областа се подобрува, а заедно со тоа се зајакнува и чувствителноста. Се зголемува и чувствителноста на G -точката, што пак овозможува да доживуваме оргазам по оргазам. Се разбира, постегнати вагинални мускули се гаранција за уникатно задоволство на вашиот партнер. Особено ако ги стегнете за време на сексот, се добива едно одлично “опкружување ” на пенисот кое доведува до супер екстаза.
Несмееме да ја пропуштиме и најважната улога на овие вежби – страшно полезни за дамите, кои не го контролираат мокрењето. Како и за младите мајки. Но, најголемата предност е дека можете да ги правите секаде и во секое време.
Пред да ве запознаеме со неколку многу ефикасни “серии ” за интимен тренинг , ќе ви кажеме како да ги препознаете овие мускули. Тие се истите оние кои ги соберате кога ви се мокри и кои запираат процесот на мокрење. Ако одвојувате по неколку минути на ден, за да правите вагиналните вежби, многу наскоро ќе забележите значително зголемување на задоволството во кревет, како кај вас, така и кај партнерот.
Вежба 1
Таа одзема 5 минути на ден претставува контракција на мускулите за 10 секунди и 10 секунди одмор. За уште поголем ефект, вежбајте уште една минута, но овој пат згрчете се за секунда и отпуштете за секунда.
Вежба 2
Оваа вежба е малку потешка, бидејќи треба да го концентрирате своето внимание. Замислете си дека со вагината треба да задржите предмет. Па, “држете го ” само 5 секунди, а потоа 5 секунди опуштете се . И така 50 пати на ден.
Вежба 3
Стартувајте со 10 контракции и опуштање по 10 секунди. Потоа 9 контракции и 9 секунди опуштање, потоа по 8 секунди, потоа по 7 секунди… се додека не дојдете до 1 секунда.