After Midnight

Исповед на долгогодишната љубовница: Неговата сопруга треба да ми биде благодарна!

Линда Френклин, мајка на два сина, разведена, го запознала Мет кога имала 47, а тој 30 години. Во текот на нивната дванаесет годишна врска, тој во меѓувреме запознал друга девојка, се оженил, но тие и понатаму ја одржувале врската.

Пред точно една година раскинав со Мет. Лежевме во кревет, и јас му соопштив дека е време да престанеме да се гледаме. Тој го испи чајот до крај, се облече, ме бакна и си замина од мојот живот. Повеќе не го видов. Беше тоа без сомнение една од најнесебичните работи кои сум ги направила во животот. Имено, тој беше во брак и доби син, а јас го ослободив од овој притисок и му овозможив да биде добар сопруг и татко.

Лина вели дека тоа не го направила поради чувството на вина, туку заради неговиот син, а и поради Мет. Почувствувала дека Мет е подготвен во целост да му се посвети на своето семејство. Додава дека не зажалила заради својата одлука.

Таа смета дека сопругата на Мет треба да и се заблагодари што Мет се оженил и се “смирил”, и дека својата среќа сопругата на Мет ја остварила благодарејќи на нејзе.

Се запознаеле во дискотека, таа веќе била разведена. Смета дека, ако жената е постара од мажот, тоа е погодно за нивниот однос, бидејќи кај неа не чука биолошкиот часовник, не е оптеретена со тоа, и затоа односот е опуштен.

Мет никогаш не ги запознал нејзините синови, таа никогаш не прашувала за неговите девојки. Не била љубоморна ниту лута на него. Во еден момент почувствувала дека запознал девојка која е поинаква од неговите поранешни девојки и била изненадена бидејќи сакал да продолжат да се гледаат.

-Всушност, јас на некој начин го искористував Мет. Ми ја подигнуваше самодовербата, ми овозможуваше да избегам од секојдневието и обврските на неколку часа кои заедно ги поминувавме, најчесто во мојот стан.

“Едноставно, го сакам тоа”, гласел неговиот одговор кога го прашала зошто и понатаму сака да се гледаат”. За мене тоа беше знак за неговата незрелост и неспособност озбилно да се врзе.

Фала му на Бога што сум негова љубовница, а не жена”, си помислила Линда.

Секогаш била тука да му помогне околу неговите дилеми, и го бодрела да се снајде во новите улоги, како сопруг и татко. Во еден миг почувствувала дека е подготвен да продолжи без неа.

Напиши коментар