Гвинет Монтенегро (36) работела како ескорт дама, а бројот на мажи со кои спиела е навистина импозантен. Имено, таа тврди дека имала секс со 10.091 припадник на посилниот пол.
Иако вели дека израснала во христијанско семејство, таа се определила за оваа работа. За еден час заработувала од 500 до 1.000 долари. После се, одлучила да објави книга за својот разуздан живот.
Се започнало кога имала 18 години и претрпела групно силување, по што на 19 години станала танчарка, а две години подоцна и елитна ескорт придружничка. Од мала сонувала да ја чува невиноста за вистинскиот маж, но нејзините соништа се срушиле откако била силувана, па одлучила да се фокусира исклучиво на парите.
Постојано ги лажела родителите дека се занимава со манекенство, а тогаш на 24 години доживеала сообраќајна несреќа и во болница им признала се на нејзините родители. Нејзиниот живот се сведувал на секс, алкохол и дрога, а многу често и на оргии. Во главно работела во Мелбурн, а кога станала популарна, почнала да патува со авион до своите клиенти помеѓу кои имало адвокати, музичари и политичари.
– Најдоброто искуство ми беше кога еден дечко ме најми да му правам друштво на Бора Бора. Ме третираше како човечко суштество и го искористив тоа да се одморам од се – вели Гвинет и додава:
– Мојот живот беше полн со секс, кокаин и шампањ. Оние кои сакаат да се занимаваат со оваа работа ги предупредувам дека е многу лесно да се соживеат со него. Мене ми даде самодоверба, но постои и друга страна. Она што поточно сакам да го кажам е дека ако убедам барем една личност да се бега од ваков живот, значи дека сум направила нешто добро – истакнала таа.
Успеала да стави точка на минатото и на 29 години станала пилот на мал авион за разгледување. Меѓутоа, животот уште еднаш испаднал суров кон неа. И откажал бубрегот и морала да престане со работа.
После се, повторно се вратила на старата работа, но по некое време го запознала деловниот партнер, извесниот Роџер, и со него започнала бизнис и започнала да се занимава со програмирање, за кое вели дека многу и помогнало.
Погледнете го видеото:
httpv://www.youtube.com/watch?v=Inidupj5U8o
