After Midnight

Изберете музика за секс!

Нежната музика којашто сте ја оставиле за романтична годишнина не би била добар избор доколку планирате секс за една вечер, исто како што не би одговарала хип хоп музика за прекрасна романтична вечера.

Важно е да изберете совршена комбинација помеѓу удобното и она што би ја стимулирало неа.

Избегнувај песни за кои секој мисли дека се секси. Сигурно не сакаш вечерта да се претвори во пародија од сцени од филм или тв шоу. Можеби некои песни ќе бидат ок, можеби ќе ти се посреќи и таа ќе “одглуми” совршен стриптиз, но внимавај вечерта да не стане вечер за шеги, а не за водење љубов.

Стави повеќе песни отколку што мислиш дека се потребни. Може и да го ставиш радиото на некој канал за песните да не се повторуваат, но и тоа е ризик бидејќи не можеш да предвидеш која песна е следна. Како и да е, осигурај се песните да не престанат за време на сексот.

Остани онаков каков што таа те знае. На пример, доколку таа знае дека си тип кој сака рок, R&B баладите ќе значат дека си се обидел премногу. Пронајди песни кои ќе се совпаѓаат со сликата којашто ја имаш создадено за себе.

Избери песни кои нема да ѝ го одвлекуваат вниманието. Запознај го нејзиниот вкус за музика и нејзиното искуство со песните. На пример, доколку ја ставиш најромантичната песна која ја растажува, вечерта нема да помине многу добро. Но, немој да ги игнорираш песните кои тебе не ти се допаѓаат. Избери песни на кои таа ќе се чувствува удобно, романтично и секси.

Напиши коментар