After Midnight

Изневеривте и што сега?

Изневеривте и не знаете како да ја спасите врската, а притоа се каете? Мислите дека ќе ја пропуштите вашата љубов за една непромислена одлука? Ако навистина се каете за тоа што сте биле во нечија прегратка или кревет и сакате да му се вратите на својот партнер, потребно е да успеете повторно да ја придобиете неговата доверба. Еве неколку совети кои можете да ги искористите, за да го вратите вашиот љубовен живот на вистинскиот пат.

  • Извинете се. Не треба да се залажувате самите себе, а и вашиот партнер дека тоа било момент на слабост, дека сте биле пијани или дека „другиот“ премногу настојувал. Признајте ја вината прво пред себе си, а потоа и пред него. Извинете се за постапката и кажете му дека тоа нема да се повтори. Се разбира, во почетокот тој нема да ви верува, но движете се чекор по чекор. Зборувајте од срце, затоа што тој ќе знае дали го мислите тоа или не.
  • Разговарајте за вашата постапка. Не треба да го избегнувате овој тежок разговор. Одговорете му на сите негови прашања, без исклучок. Тој најверојатно нема да сака да ги знае деталите, но ако ве праша како се случило, кажете му сè, а не само она што вам ви одговара тој да го знае. Одберете ги вистинските зборови за да му објасните која е причината поради која сте го изневериле. Зборувајте од срце, затоа што ако уште еднаш почувствува дека го лажете, нема никогаш да сака да ви прости.
  • Прекинете го секој контакт со личноста со која сте го изневериле саканиот.Зборовите нема да бидат доволни за вашиот сакан да ви поверува дека никогаш повторно нема да го изневерите. Потребно е и вашите постапки да го убедат дека искрено се каете. Во никој случај не одржувајте контакт со личноста со која сте изневериле. Во спротивно, ризикувате вашиот партнер да дознае и веднаш да посака да стави крај на вашата врска.
  • Никогаш не лажете, дури ни за мали нешта. Кога веќе еднаш сте биле фатени во лага, не треба да лажете ни за мали нешта. Вашиот партнер треба да почувствува дека сте искрени со него. Ако повторно го излажете, ризикувате да ја изгубите целата доверба која некогаш ја имал во вас.
  • Бидете трпеливи и дајте му време. Довербата се гради бавно. Ставете се за момент на негово место и ќе знаете колку му е тешко. Не очекувајте дека преку ноќ ќе ја придобиете повторно неговата доверба. Бидете трпеливи и дајте му време за да се убеди дека вие сакате да бидете само со него и дека никогаш повеќе нема да направите нешто зад негов грб.

Напиши коментар