Free zone

Ја чувате вашата невиност за господинот “вистински”? Пријавете се и освоете 9.300 долари и златен медал!

Јужноафриканецот Рабелани Рамали нуди медал и парична награда на секоја жена што ќе успее да ја задржи својата невиност долго време.

Овој комунален работник од руралната провинција Лимпопо за весникот Тајмс објасни дека тоа е неговиот допринос во борбата против ХИВ и тинејџерската бременост.

Рамали на секоја жена што ќе успее да опстои во невиноста, ќа и даде, во зависност од нејзината возраст (најмногу 35),злато, сребро или бронза и чек во вредност од 100.000 ранди (9.300 долари).

Иницијативата на овој активист, кој има пет деца со четири жени, наиде на поделени реакции, Рамали ангажирал еден доктор, кој ќе провери дали кандидатките за награда за навистина невини.

“Неговата идеја е благородна, но задачата е исклучително тешка”, смета докторот.

Јужна Африка е една од земјите во светот со најголем број на заразени од вирусот ХИВ – околу 6,4 милиони.

Write A Comment