Жената е од комплицирана природа и објект на илјадници филозофии. Колку и да мислите дека и од најмало нешто може да се загрижи или дека никогаш нема да биде задоволна, всушност има пат кон нејзината среќа. Точно, со малку повеќе нерви… Но, ја сакате ли до себе, видете што и треба. Освен да биде сакана, се разбира!
Да се чувствува разбрана
Не мора секогаш да ја разбирате навистина. Јасно е дека нема да ви се случува често. Но нема да ве чини многу, ако покажете загриженост кон нејзините чувства. Па дури и да мислите дека се глупави, за неа е тоа од огромно значење. Ако треба, преправајте се…
Да биде прифатена
Разберете, чистите алишта, топлата вечера и уредната куќа не ви селедуваат според некој договор! Затоа малку благодарност не е на одмет. Ако таа поминала 3 часа во кујната, а вие се најдете набрзина и повторно седнете пред компјутер, не се изнедадувајте ако се налути…
Да се чувствува убава
Давајте и комплименти! Кога ќе си купи нова гардероба кажете и дека изгледа добро во неа. Пофалете ја нејзината нова фризура или шминка. Заборавете ги оправдувањата од типот на “Таа знае дека ја сакам”. Сакаме да го слушнеме тоа! Колку е можно повеќе.
Да се чувстува сигурно
Не само материјално. Бидете конзистентни, не ја игнорирајте жената. Одделете доволно време за да бидете со неа. Таа не е до вас само за празници или пак кога само ви принесува.
Бидете кавалер
Уживаме кога ни отвараат врата, први ни го земаат капутот или не водат под рака до автомобилот. Непријатен е погледот на девојка која носи тешки торби, додека дечкото до неа зборува на телефон. Не, не сакаме да сме на нејзино место!
Да биде почитувана
Таа не е само додаток на вашиот живот. Таа е личност со мислење и чувства. Престанете со изјави од ваков вид: “Ти си жена, ништо не разбираш”! или “Женски глупости”!. Да, таа е различна од вас. Да, понекогаш ќе ви се чинат смешни нејзините идеи. Да, таа нема да е секогаш практична и можеби некогаш ќе “врти” додека ви каже што сака.
Но, доколку сакте да ја имате крај себе, размислете!