Триковите наведени во продолжение секогаш успеваат кај посилниот пол!
Носете црвено
Мажите ја сметаат црвената боја за најсексапилна. Во неодамнешните истражувања психолозите утврдија дека мажите ги оцениле жените облечени во црвено како најподготвени за секс.
Покажете ги своите рамена
Изгледа дека овој дел од телото е подеднакво провокативен како и деколтето. Доволен е само еден поглед за кај мажите да се разбудат валканите мисли. Според резултатите на истражувањата, заоблената линија на рамената потсвесно мажите ги асоцира на женските гради.
Носете штикли
Иако не секогаш мора да станува збор за фетиш кон женските стапала, делот од машкиот мозок кој комуницира со “машката гордост” се наоѓа веднаш до делот задолжен за визуелизација на стапалата. Експертите објаснуваат дека постои нервна поврзаност помеѓу овие два дела од мозокот. Затоа вашите нозе, во комбинација со вртоглаво секси потпетици, во истата секунда ќе ја разгорат машката фантазија.
Верувале или не, понекогаш се доволни само неколку, на прв поглед незначајни потези, за да си поиграте со умот на вашата симпатија од посилниот пол и да го натерате да направи се за вас, особено во спалната соба.
