Стлизираните качкети се во тренд веќе неколку сезони. Но, и оваа сезона добро се држат на врвот. Познатите светски ѕвезди, како што е еден од нив и Бред Пит, не се одвојуваат од нив.
И оваа пролет мажите ќе имаат прилика да ги носат, бидејќи познатите брендови веќе ги промовираа своите најнови колекции на качкети. Ги има и еднобојни и карирани, и во светли и во темни нијанси. Стилистите препорачуваат да се комбинираат со спортско одело, кошула во кежуал стил и фармерки, со џемпери, со кожна јакна…
