Секој дел на телото може да биде извор на задоволство, под услов да е стимулиран правилно. А сепак има такви кои се дефинитивно на првото место нха листата. Денес ќе ве запознаеме со носителот на првото место, имено точката F (френулум).
Доколку сакате да му овозможите повќе уживање на партенрот во кревет, ве советуваме да не правите авантуристички чекори како стимулација на анусот, на пример, пред тој самиот да ви посочил или директно признал дека сака такви работи. Бидејќи тоа може и да носи физичко задоволство, но има и една психичка бариера, која е десет пати поважна.
За наша среќа, точката F се наоѓа на пенисот и едвај има маж, кој нема да полуди од задоволство, ако и обрнете посебно внимание.
Како точно да ја најдете? Застанете наспроти партнерот и замислете триаголник точно каде што телото на пенисот се спојува со главичката. Во центарот на овој тириаголник се наоѓа “волшебниот јазол”, кој има бројни нервни завршетоци. Само треба да знаете дека е пеколно чувствителен и најдобро е да дејствувате врз него со јазик. Резултатот? Тој навистина ќе доживее нешто неповторливо! Обидете се!
