After Midnight

Како да бидеш современа гејша?

Вистинската жена не се раѓа, таа се создава додека се усовршува себе си како таква. Но тоа совршенство ни од далеку не се постигнува само со совршени нокти и извајано тело. Затоа, оставете ја паковката за тогаш кога ќе ја изберете највредната содржина!

Сите сме слушнале за гејша, но некои имаат изградено доста погрешна претстава за нив. Тие не се куртизани, иако интелектулано можат да се натпреваруваат. Гејшите се прекрасни талентирани суштества и неверојатни соговорници кои ги тераат мажите да се чуваствуваат како кралеви. Но не со подводно фелацио, туку со зборови и гестови! Во што сепак се крие нивната атрактивност?

Вистинската гејша никогаш не се натпреварува со мажите!

Таа одлично знае дека што и да направи, никогаш нема да стане маж. Затоа се фокусира на својата женствена природа и ја развива до крај. Но никогаш не претерува! Таа не ја користи нејзината убавина, за да заработува пари. О длично знае каде е границата на се што прави. Ја знае и цената. Не тропа со раката, не инсистира, не прибегнува кон подмолни дејствија. Т аа е долу на земјата и одлично сваќа дека мажите не се противнички тим, ниту пак најважното нешто на светот.

Современата гејша го прави само она што и дава задоволство!

Таа не мие чинии и не готви, за да докаже дека е перфектна. Гејшата верува дека во овој живот никој на никого не му е должен, затоа, кога прави нешто, тоа го прави со желба и ентузијазам. Не се секира и никого не обвинува за своите тешкотии. Сама го избира својот пат.

Современата гејша знае како да изгледа скапо и во евтина облека!

Дури и да располага со два фустани во нејзината гардероба, таа секој ден изгледа убаво и различно. Таа жена знае како да зрачи со софистицираност без да носи палто од визон и украсно кутре во чантичка на Диор. Современата жена е жена со стил, а не со купишта брендирана облека.

Write A Comment