After Midnight

Како да го попалите дечкото!

Многу е важен и начинот на кој ги истражувате неговите ерогени зони. Немојте да заборавите да покажете страст и нежност. Не плашете се да ја преземете контролата, на повеќето мажи им се допаѓа тоа. Пуштете заводлива музика и започнете со потрагата по точките што ќе го исполнат со сексуална енергија.

  • Скалпот и косата. На скалпот се концентрирани голем број нервни завршетоци кои предизвикуваат позитивни чувства кога се допирани. Нежно поминувајте низ неговата коса и нежно чешкајте го со вашите нокти на скалпот или направете му масажа на овој дел. Масажата е неверојатно релаксирачка во стресните моменти, но и заводлива. Некои мажи сакаат да бидат тргани за косата за време на секс. Според нив тоа ја покажува вашата желба за секс и делува многу еротски.
  • Усните. Усните се клучни во една романса. Мажите сакаат да се бакнуваат речиси исто колку и жените. Поминете некое време во мало истражување на неговите реакции, преку различните техники на бакнување. Пробајте да додадете и малку шмукање и нежно гризење при бакнувањето. На пример, фатете ја неговата долна уста помеѓу забите и нежно грицкајте ја и шмукајте ја. Повеќето мажи полудуваат на вакви креативни потези, за нив тоа е доказ дека се посакувани.
  • Ушите. Нервните завршетоци тука ги има во изобилие, а тоа значи огромно задоволство за вашиот партнер. Со помош на вашиот јазик, усните и прстите истражувајте во секој дел од неговото уво и најдете кои места се најчувствителни кај вашиот партнер. Не ја заборавајте областа зад увото. Само вашето дишење во увото е доволно за тој да се возбуди. Па, не бидете срамежливи и направете го тоа, шепнете му нежно нешто секси или кажете му колку уживате. Верувајте, ефектот е неверојатен.
  • Вратот. Машкиот врат е често игнориран од жените како ерогена зона. Вистината е дека многу мажи уживаат кога се бакнувани страсно на тој дел, а некои од нив сакаат да го движите вашиот јазик од почетокот на вратот, по Адамовото јаболко, па сè до нивната брада. Започнете да истражувате во оваа зона и ќе бидете изненадени. Не го заборавајте и задниот дел од вратот. Внимавајте оваа област е многу нежна, па немојте да оставате белези, ако не сакате другите да знаат што сте правеле синоќа.

Write A Comment