1.Имајте личен живот
Од голема важност е двајцата партнери да имаат одвоени интереси и да поминуваат време сами, односно со своите пријатели. Како личен пример, Клер објаснува дека нејзиниот сопруг игра фудбал со своите пријатели и дека честопати оди со нив во некој локален паб. Таа пак има свое хоби. Додека е на фитнес, сопругот ги чува децата. Многу е важно секој да оддели сопствено време. На тој начин повеќе ќе го цените времето кое го поминувате заедно.

2. Водете почесто љубов
Кога децата ќе дојдат, страда љубовниот живот. Тоа е многу нормално и логично. Во грижата за децата спаѓаат многу ненаспиени ноќи и грижа за децата, така да воопшто не ни помислувате на секс. Ако ретко се гледате, обидете се да направите компромис и да вложите повеќе труд. Многу е важно да одвоите половина час за себе. Можеби не ви се води љубов, но да се биде интимен не секогаш значи практикување секс. Зошто само не се бакнувате и галите? Врската ќе биде многу поцврста.
3.Поделете ги обврските околу домот
Жените немаат време за себе и партнерот, бидејќи се зафатени со домашните обврски. Советот на Белинда Гаскел е дека мажите кои им помагаат на своите сопруги, ќе бидат наградени. Откако Иан ѝ помогнал на Клер со пеглањето алишта, тие имале многу повеќе време да поминат заедно.
4.Излегувајте заедно
Состанокот ќе ве потсети на почетокот на врската кога бевте лудо вљубени еден во друг. Ќе се врати страста што сте ја чувствувале на почетокот. Забавувајте се малку. Иако вашиот друштвен живот е малку ограничен поради децата, сепак не значи дека исчезнал засекогаш.
5. Време само за себе
Откако жените ќе се породат, немаат време за себе. Не можат ни косата да си ја измијат, а не станува збор за одење на фризер. Ако има нешто што може жената да ја натера да се чувствува подобро, тоа е поддршката од мажот. На жената може многу да ѝ помогне ако тој ги чува децата цел ден додека таа ги полни батериите.
6.Разговарајте
Во долгите врски, комуникацијата се сведува на празни разговори за тоа како денот поминал или во гледање телевизија. За стабилна врска важни се честите разговори и слушањето на партнерот. Наместо да седите пред телевизорот, разговарајте и смејте се што почесто.
