Дали се сеќавате на вашиот прв одмор, кога се грижевте кој долен веш да го носите, дали да спиете без маица,со маица. Така и во бракот, направете такви отстапки. Побарајте и од неа да облече нешто провокативно, изненадете ја со секси долен веш по ваш избор и секако пуштете да ве води фантазијата.
Иако таа е ваша сопруга, таа е мајка, ама пред се е жена. Истата таа што сте ја возеле во кола, таа со која сте оделе во темен паркинг. Таа е таа. Користете ја вашата имагинација, бидете смели и слободни. Охрабрете ја и двајцата ќе бидете задоволни.
Во текот на животот се наметнуваат проблеми и обврски.Дали деца, дали работа, се влијае врз секуалниот живот. Секако под такви околности ќе има периоди каде и двајцата не сте расположени за секс, односно не сте расположени воопшто за комуникација.
Но наспроти ова, секој момент во важиот брак треба корисно да го уживате. Што значи тоа? Колку и да сте уморни, никогаш немојте да кажете,ајде да одложиме за утре. Сексот не е обврска, туку задоволсто за двајцата. Како никогаш не сте чувствувале замор додека не бевте во брак и како секогаш сте го правеле дури и невозможносто за да имате однос, така и во бракот не смее да се има изговор.
