← НАЗАД НА БОЗА

Како да изневерувате, а да не ве фатат?

Како да изневерувате, а да не ве фатат?
414 Читања

Некои тоа го прават почесто, некои повремено, а ретки се тие што не го прават никогаш. Но како сето тоа да го сокриете од вашата партнерка.

Никогаш не признавајте – Секогаш користете ја излитената, но делотворна реченица: “Душо, не е така како што изгледа!”. Секако, освен ако не сте фатени на дело. Дури и кога аферата била пред многу години, никогаш, ни за жива глава не ја признавајте.

За жената и љубовницата купувајте ист парфем – Жените имаат особено развиено чувство за мирис. Ја намирисуваат лагата на километар, а другата жена на десет километри. Кога бирате парфем одберете ист за сите жени во вашиот живот, освен за вашата мајка.

Исчистете го автомобилот после секоја акција – Влакна, случајно изгубена обетка, сметка од продавница во која никогаш не купувате… Сето ова може да се најде во вашиот автомобил доколку имате афера.Затоа, однесете го автомобилот во перална за да спиете помирно.

Гризење, шливки, гребнатинки? Заборавете! – Само еднаш можете да се извлечете дека шливката е последица од претешката торба или од огромен пајак, но втор пат нема шанси. Поставете јасни правила во вашата афера. Без гризење и гребење!

Пронајдете добро алиби – Кумот или најдобриот пријател може да бидат од голема помош на самиот почеток, но за продолжување на аферата мора да смислите нешто покреативно. Ако сте талентирани за странски јазик, можете да се запишете на курс кој се наоѓа на другиот крај на градот.

Ослободете се од доказите – Сметки од хотелски соби, ресторани или од паркингот мора да летаат во ѓубре. Најдобро би било воопшто да не ги земате.

Аферата нема што да бара на јавно место – Избегнувајте со љубовницата да се појавувате во центарот на градот, а особено во ресторани и клубови кои се познати. Колку и да звучи примамливо, не е ни малку паметно. Држете се до периферијата на градот.

Забрането е фалење – Никој освен вашите најблиски не смеат да знаат за вашиот двоен живот. Доколку повеќе луѓе знаат, се зголемуваат шансите некој случајно или намерно да открие.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk