Free zone

Како да ја имате секоја девојка што ќе ја посакате!

Што подолго чекате да тргнете во акција, толку се помали шансите да се случи нешто со згодна девојка. Ако го добивте нејзиниот број, немојте да чекате повеќе од 24 часа. Ако сакате да ја поканите на состанок, прашајте ја. Ако ви се допаѓа девојка која ви е пријателка, јасно кажете ѝ го тоа. Ако мислите дека изгледа добро во фустанот кој го носи, кажете ѝ. Ако сакате да ја бакнете, направете го тоа.

Зошто да ја играте играта на чекање и да се надевате дека некогаш ќе се случи? Направете го тоа пред некој друг да го направи и додека е сеуште заинтересирана. Поголемиот дел на жените не чекаат.

Бидете горди на тоа што го работите! Не е важно ако сте програмер, писател, шанкер или машка медицинска сестра. Секоја работа има свои вредности, а вие никогаш не треба да ја намалувате вашата способност.

Не мора да бидете во одело секој ден, но неопходно е секогаш да изгледате добро. Доброто облекување пренесува силна порака: покажува дека се грижите за вашиот изглед и за себе. Изгледајте средено бидејќи тоа се квалитети кои ја прават личноста атрактивна.

Доброто облекување подразбира адекватна облека, добро сложување на боите и облека која одговара на градбата на вашето тело.

Верувајте дека сте кул, бидејќи сте. Нема причина да мислите дека не можете да го добиете она што го сакате. Па дури и ако не можете нешто сега, секогаш може да вежбате и да учите како да го направите за следниот пат да бидете успешни.

Секогаш приоѓајте на убава девојка. Претпоставете дека резултатите ќе бидат најдобри и дека таа едвај чека да ве види. Жените не сакаат песимисти без самодоверба.

Секако, поголемиот дел од нив ќе ви удрат корпа, но како што Барни вели – ако од десет девојки пројдеш кај две, тоа е успех.

Напиши коментар