Free zone

Како да ја освоиш жената според нејзиниот Хороскопски знак? (1 дел)

Можеби има некој универзален метод за да освоите некоја девојка, но тој не е секогаш доволен. Секоја девојка има индивидуални преференции и карактер. И, ако верувате во хороскопскиот знак, погледнете на што не можат да му оддолеат претставничките на понежниот пол во зависност од нивниот хороскопски знак.

Овен

Таа искрено верува дека таму некаде постои Принцот од нејзините соништа, но тоа не и пречи да помине и без него. Таа се справува одлично и сама! Ако сакате да ја импресионирате, не избрзувајте со бакнежот или воопшто со некоја интимност. Најдобро покажете рамнодушност. Тогаш таа ќе го преврти светот за да докаже дека е посакувана. Дури и да нема посебни чувства кон вас.

Бик

Исклучително паметна и способна, таа не потклекнува туку така на секој маж! За да ви обрне внимание, треба секогаш да сте уредни и чисти, и да мирисате на парфем. Никогаш не и подарувајте вештачко цвеќе! Не и противречете, особено на јавно место.

Близнаци

Ако ви е тешко да се справите со една жена, да видиме како ќе се справите со 5-6… Најпрво ќе се восхитува на вашата убава насмевка, а по неколку дена ќе ве критикува за се. Оваа жена обожава да флертува и ако сте од неактивните лчичности, едноставно немате шанси. Бидете упорни, таа ќе ви се оддаде целосно.

Рак

Ако не сте го добиле нејзиното срце, тешко ке одите со нејзе во кревет. Бидете секогаш фин и грижлив со неа. Дури ни за секунда не си дозволувајте да зумирате друга жена во нејзино присуство. Точната стратегија е да и носите подароци на секоја средба. Жената рак обожува подароци, но никогаш нема да биде со маж само заради парите. За неа чувствата се на прво место. Мора постојано да и повтроувате колку е убава, неверојатна и дека никогаш не сте сретнале друга како неа.

Лав

Во неа има сексапил барем за три жени. За да и се допаднете треба да сте поинаков од другите. Таа не сака клишеа. Треба да бидете добро облечен и модерен. Ласкајте и со комплименти и подароци – без разлика дали се скапи, таа ги обожава. Ако ја водите на театар или концерт, задолжително местата треба да бидат во првите редови!

Девица

Нежна и женствена однадвор и тврда како челик одвнатре. Патот кон оваа жена поминува низ демонстрирање на исклучително обожавање без ниту една критика! Не брзајте да ја прегрнете или бакнете уште на првата средба.

Напиши коментар