← НАЗАД НА БОЗА

Како да раскинете со некој кого сеуште го сакате?

Како да раскинете со некој кого сеуште го сакате?
1725 Читања

Раскинувањето со некоја личност кон која сеуште имате силни чувства сигурно е една од најтешките работи кои може да ви се случат во љубовниот живот. Но понекогаш е подобро да раскинете, отколку да бидете заглавени во врска за која знаете дека едноставно нема иднина. Па, како да раскинете со некого кого сеуште го сакате на најбезболен можен начин?

Донесте одлука за раскинување и држете се до неа: Доколку останувате во врска која нема иднина на крајот само ќе бидете повредени. Затоа, доколку ви е јасно дека веќе е крај, раскинете и ставете крај на страдањето.

Разговарајте со партнерот: Објаснете му зошто повеќе врската не функционира. Искрената комуникација е клуч за да ставите конечен крај на нештата, но и да за да бидете „на чисто“.

Поделете ги заедничките работи: Доколку живеете заедно, еден од вас ќе мора да се пресели. Исто така ќе треба да направите список на заедничките работи и да ги поделите.

Не брзајте повторно да се видите: Оставете времето да ги залечи раните. Договорете се да не се гледате некое време, иако теоретски би сакале во иднина да бидете пријатели.

Простете си еден на друг: Заборавете на огорченоста и простете си ги сите неправди кои сте си ги нанеле еден на друг. Треба да „бидете чисти“ и така да зачекорите во светот на нови познанства и можни нови љубовни врски.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk