After Midnight

Како да се извлечете од нездрава врска?

Ако наместо да ве исполнува со енергија, вашиот партнер ја црпи. Ако наместо да горите од желба да поминувате повеќе време со него, вие на тоа гледате како на досадна обврска. Ако нешто ви тежи и се чувствувате фрустрирани од однесувањето на другиот… бидете искрени со себе. Дали навистина имате потрба од таа врска?

Всушност, ние ќе ви кажеме – НЕ! Кога двајца луќе се вистински поврзани, тие се чувствуваат среќни во односите едни со други. Без разлика со какви пречки се соочуваат. Ако кај вас не е така, најдобро е да се ослободите од таа врска. Еве како…

РАЗМИСЛЕТЕ ЗА СЕБЕ

Запрашајте се од што вие имате потреба и што е здраво и корисно за вас! Вашата личност е најважна и за да се чувствувате повторно цели ќе мора да научите да кажете “НЕ” кога не се согласувате со нешто или нешто не ви се допаѓа. Не заборавајте дека вие сте најважната личност во вашиот живот.

ОГРАНИЧЕТЕ ГИ КОНТАКТИТЕ СО НЕГО

“Далеку од очите далеку од срцето” – не случајно луѓето рекле. Кога ќе се оддалечите од човекот кој ја црпи вашата енергија и ќе ги ограничите контактите со него, сами ќе видите колку подобро ќе се чувствувате. Доколку не го направите тоа, само ќе ја продолжите агонијата.

ОГРАНИЧЕТЕ ГИ КОНТАКТИТЕ СО ВАШИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРИЈАТЕЛИ

Дајте си време, дозволете си да дишете лесно…

ПОЧЕСТО ИЗЛЕГУВАЈТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

Сега е моментот да им посветите внимание на луѓето кои ви се навистина блиски. Тоа помага, и тоа многу! Треба да разберете дека има живот и надвор од кругот, во кој сте биле до сега. И тој е прекрасен!

Write A Comment