Докажано е дека жените кои се самоуверени во врска со изгледот на нивната вагина се склони да експериментираат за време на сексот и да експериментираат со нови работи. Освен тоа, самоуверените жени полесно доживуваат оргазам бидејќи за време на сексуалниот однос се поопуштени и не се оптеретуваат.
Кога за време на сексот дојде моментот кога мажот ќе се приближи до најинтимното подрачје и кога тој ќе покаже воодушевување дека партнерката добро изгледа и дека е вкусна, тоа веднаш ќе го подигне нивото на самодоверба и ќе загарантира жежок секс. Најважно е нитуеден дел од телото, посебно вагината, да не се земе здраво за готово, советува Дебра Лин Хербеник, докторка од Кинсеј Институтот.
Единствена разлика помеѓу големите и успешните љубовници и обичните мажи е во тоа што голем број љубовници ги слушаат своите партнерки и ги исполнуваат нивните желби. Затоа, прашајте ја вашата парнтерка што и како сака.
Бонус совет е за тие работи да не разговарате за време на самиот секс, туку да го направите разговорот надвор од спалната соба, да размените искуство и искрено да признаете што сакате и што вас ве пали, а потоа да го применете тоа во спалната соба, советува докторката Хелен Фишер од Универзитетот Рутгерс.
Сензуалниот допир го опушта силниот сексуален хормон окситоцин кој го подигнува нивото на тестостерон кај жените и ја зголемува желбата за секс. Заводливите и нежните чувства кои ги создава маслото на телото предизвикува силен и возбудлив секс, како за вас, така и за вашата партнерка, советува Керол Касел, претседателка на “Society for the Scientific Study of Sexuality”.
