Free zone

Како до цврст и мускулест стомак?

Салото кое се таложи на стомакот, освен тоа што не изгледа воопшто привлечно, исто така е и причинител за здравствени проблеми.

Луѓето кои се деблеат лесно во пределот на стомакот имаат зголемен ризик за развој на здравствени проблеми. Тоа најчесто предизвикува:

–      срцеви заболувања

–      мозочни удари

–      некои облици на рак

–      дијабетис од типот 2

–      имуност на инсулин

–      високи триглицериди

–      ниски вредности на “добриот” холестерол

–      пореметување за мирно спиење

Дали возраста е поврзана со добивање на сало околу струкот?

Како стареете така ги губите мускулите на стомакот, поточно се намалува нивната цврстина, нормално доколку не сте физички активни. Доколку не почнете да го лимитирате внесувањето на калории, со текот на годините ќе почнете да се дебелеете.

Дали салото околу стомакот е наследно?

Вашите гени може да влијаат на тоа да имате сало на стомакот. Но, сепак кај повеќето мажи оваа карактеристика се должи исклучиво на нездравиот начин на живот.

Како алкохолот влијае на салото на стомакот?

Доколку пиете алкохол во поголеми количини ќе го имате т.н пивско меше. Но, пивото не е единствениот алкохол кој доведува до овој проблем. Секој алкохолен пијалок го има истиот ефект. За да се заштитите најдобро е дневно да внесувате најмногу до две чаши алкохол.

Како да се ослободите од салото на стомакот?

Како и да е најефикасен начин е да го намалите внесувањето на калоричната храна.

Зголемете ја физичката активност. На возрасните мажи им се препорачува да вежбаат или да бидат физички активни и до два  и пол часа неделно. За да го намалите салото на стомакот се препорачува да се прават секојдневно стомачни вежби.

 

Напиши коментар