Free zone

Како изгледа да се возите со автомобил од мраз? (Видео)

Додека во Соединетите Држави снегот и ледот им создаваат големи проблеми на возачите, Канаѓаните одлучија да се забавуваат на ниските зимски температури.

Производителот на делови за автомобилската индустрија, Canadian Tire, смисли необичен начин за промовирање на својот акумулатор Moto Master E liminator Ultra AGM.

За да покажат дека акумулаторот е во состојба беспрекорно да функционира, дури и на екстремно ниски температури, Канаѓаните направиле вистински автомобил од мраз. Возилото е направено врз шасија на Шевролет, а за негова изработка биле потребни околу 5 тони мраз.

Foto: Canadian Tire

Во компанијата Canadian Tire се погрижиле за деталита како што се фаровите, стоп светлата и регистарските таблички. Во текот на тест возењето автомобилот поминал далечина од 1,6км движејќи се со просечна брзина од 20км на час.

Погледнете како изгледа овој автомобил:

Write A Comment