After Midnight

Како изгледа физичката реакција која се јавува по бакнежот?

Во животот, дури 336 часа поминуваме во бакнување, но мажите и жените не ги доживуваат бакнежите на ист начин.

Истражувањата спроведени на оваа тема се ретки и дури неодамна дадоа одговор на прашањата што се случува со нашето тело додека се бакнуваме.

– Дури и нежен допир на усните испраќа информации до мозокот кои ни кажуваат што треба следно да направиме. На усните се наоѓаат многу чувствителни нервни завршетоци кои ни даваат различни информации за другата личност – вели Шерил Киршенбаум од Универзитетот во Тексас.

Жените и мажите различно ги доживуваат бакнежите.

Жените се концентрираат на деталите, со бакнежот се обидуваат да добијат информации за врската – се обидуваат да ги испитаат чувствата на партнерот, дали нивната врска е стабилна и во која насока се движи. Додека, мажите претпочитаат страсни “француски” бакнежи.

Додека се бакнуваме, во пет секунди губиме 12 калории. Бакнежите во нашиот мозок ги активираат хормоните на среќа кои ја хранат нашата психа, а не додаваат ни грам на нашата тежина.

Write A Comment