Светот е како огледало пред тебе и ја одразува твојата суштина. Ако погледнеш кон него мрачно – ќе видиш отспротива само тажни и мрачни лица. Ако погледнеш кон него со насмевка – ќе те пресретне весел пријател.
Ако сам се осудуваш и критикуваш – и другите ќе те осудуваат и критикуваат.
Ако сам си предизвикуваш болка – и другите ќе ти предизвикуваат болка.
Ако сам се лажеш – и другите ќе те лажат.
Ако сам си безодговорен пред себе си – и другите ќе бидат безодговорни кон тебе.
Ако сам се обвинуваш и прекоруваш – и другите ќе те обвинуваат и прекоруваат.
Ако сам си емоционално жесток кон себе си – и другите ќе бидат емоционално ( дури и физички ) жестоки кон тебе.
Ако сам не се заслушаш во своите чувства – никој нема да се обиде да ги слушне ни твоите чувства, ни тебе.
Но…
Ако ти се сакаш себе си – и другите ќе те сакаат.
Ако самиот ти си ја знаеш цената – и другите ќе ја видат.
Ако имаш доверба во себе и ако си веруваш – и другите ќе ти се доверуваат и веруваат.
Ако си чесен кон самиот себе – и другите ќе бидат чесни со тебе.
Ако си ја знаеш сопствената цена и се однесуваш достоинствено кон она што го имаш – и другите ќе внимаваат како се однесуваат со тебе, зошто секој сака да задржи човек што навистина вреди.
Точно е дека нема како да го натераш ветрот да дува во правецот каде ти сакаш. Но пак можеш да ги поставиш платната и да го насочиш во вистинскиот правец…Кормилото е во твоите раце и никогаш не смееш да ги обвинуваш другите ако не си стигнал до целта…
Најди смисла во твоите мечти дури и да се безсмислени,
И не наведнувај поглед пред ништо, само напред!
Во името на среќата,
Во името на самиот тебе!
