After Midnight

Како максимално да задоволите еден маж?

Пред се прифатете го таков каков што е. А не таков како што вие би сакале да биде. Ако не успеете да го прифатите онаков каков што е во моментот, можеби тој човек воопшто и не е за вас.

Мажите си го сакаат својот пенис, па затоа сакајте го и вие. Во реалноста колку е поголема хармонијата помеѓу вас тројца, толку по среќни ќе сте во вашата врска.

Бидете извор на убавина во неговиот живот. Тоа не значи дека треба да сте перфектна како фотомодел, откријте кои делови од вашето тело он ги обожава и потенцирајте ја нивната убавина.

Мажите генетски се ловци, бидете креативни и различни, организирајте му палави изненадувања и тој ќе биде постојано возбуден од вашата еротичност.

Откријте кои се неговите најголеми желби и фантазии. Мажите се особено задоволни кога ќе си ги реализираат своите сексуални фантазии и фетиши. Ако ова го откриете и се согласите да ги остварите заедно тогаш загарантирано е ваш.

Откријте го херојот во него. Восхитувајте му се и тој ќе ви биде верен. Не постои маж кој не сака да знае дека жената до него е горда од она што тој е и што го постигнал. А ваквото чувство е особено силно и влијателно ласка на машкото его.

Напиши коментар