After Midnight

Како навистина се чувствуваме кога ќе ја изгубиме невиноста?

Мажите и жените не се на иста бранова должина, дури и кога станува збор за размислување по првото сексуално искуство!

Ако постои нешто по непријатно од првиот сексуален однос, тогаш се тоа нашите мисли веднаш по престанувањето на односот. Одговорот на тоа што поминува низ нашите умови е поврзан исклучиво за полот на кој му припаѓаме. Според студијата објавена во списанието The Journal of Sex Research, мажите не се на иста телесна рамнина ниту кога станува збор за размислувањата по првото сексуаално искуство.

Од 1990 година. До 2012. Година, истражувањето вклучило околу 5. 769 испитаници, од машки и женски пол, кои одговарале на прашањата поврзани за својот прв сексуален чин. Студијата покажала дека мажите чувствуваат големо задоволство и нервоза, додека жените чувствуваат вина поради препуштање на сексуални односи. Истражувањето исто така открило дека жените најчесто жалат и се прашуваат дали ја загубиле невиноста со погрешна личност.

Оваа студија е работена 20 години, а истражувачите биле во можност да ги споредат резултатите. Интересно е тоа што сега паровите кои се впуштаат во сексуални односи последниве години, размислуваат скоро исто. Мажите чувствуваат помалку нервоза, додека жените чувствуваат поголемо задоволство, а помалку вина!

Напиши коментар