← НАЗАД НА БОЗА

Како различните религии гледаат на самозадоволувањето?

Како различните религии гледаат на самозадоволувањето?
641 Читања

Сексот и религијата можеби не одат заедно во ист контекст, но овој пат ќе го претставиме гледиштето кон самозадоволувањето од перспективата на јудаизмот, католицизмот, исламот, будизмот и хиндуизмот.

Дури и во поединечните религиски традиции, мислењето за мастурбирањето е различно.

“The Big Book of Masturbation” содржи коментари околу мастурбацијата во медицината, правото, филозофијата и религијата. Како се сфаќа самозадоволувањето во пет различни верски традиции, напишал Адам Фишер во својот текст.

Јудаизам: Да, не, можеби

Талмуд забранува мастурбација, повикувајќи се на поплавата како казна во приказната на Ное, за момчето кое грешело тако што го расфрлал своето семе.

Во друг древен текст, мастурбацијата се споредува со убиство – мажот кој мастурбира, ги убива своите и пролева многу крв.

Јудаизмот го опишува тој чин како “одвратно злосторство и себичност”.

Меѓутоа, во некои текстови мастурбацијата се смета за прифатлива се додека се користи во облик на олеснување, сексуално задоволство или учење за телото. Но, не би требало да се мастурбира обилно и тоа не смее да биде замена за хетеросексуален однос. Талмуд одобрува мастурбација доколку тој чин доведува до хетеросексуален однос на паровите во брак.

Католицизам: Поприлично – не!

Католичката црква се противи на “намерното консумирање на сексуални активност, од било која причина, надвор од брак”

Самозадоволувањето или мастурбирањето се смета за повреда на сексуалноста, бидејќи црквата сексуалноста ја гледа како комуникација помеѓу две лица, а мастурбирањето како осамена работа која не помага на едно лице да живее во чистота или да биде полно со љубов кон другите.

Црквата не учи дека сексуалното задоволство е добро, створено е од Бог, и е наменето за сопружниците.

Ислам: Ако тоа ве држи подалеку од неверство

Иако во Куранот не се споменува мастурбацијата, многу дебати се воделе на оваа тема во исламските кругови. Тие не го охрабруваат овој чин, ниту забрануваат. Некои на мастурбирањето гледаат како на “најмало зло” во кое може да се впуштиме во “итни случаи”, како што се ситуациите кога има можност за неверство. Некои исламски текстови мастурбацијата не ја сметаат за голем проблем.

Будизам: Патење или задоволство?

Слично како и во другите религии, будизмот не е наклонет кон мастурбацијата. Будистичкото учење ја дозволува мастурбацијата на оние кои не се редовни и бараат привремено задоволство. Будизмот вели дека тоа е патење предизвикано од желба, а може да се спречи со духовно издигнување. Според оваа религија, мастурбирањето не е грешно, но е чин, кој е попратен од патење.

Хиндуизам: Тоа си е ваша работа

Иако хиндуизмот забранува сексуален однос надвор од бракот, мастурбацијата е работа на сопствено мислење. Хиндуистичките учења наведуваат дека “сексот е лична работа на оние кои се вклучени во тој чин”. Единственото правило е мудроста.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk