Mајка и нејзиното мало синче шетале на плажа… Во еден момент, момчето прашало: “Мамо, како се чува љубовта?”
Мајката го погледнала и одговорила:
– “Земи малку песок и стисни го во раката…”
Mомчето ја стиснало раката и колку повеќе стискало, толку повеќе песокот паѓал од неа..
– “Но мамо, песокот ми бега…!!!”
– “Знам, а сега целосно отвори ја раката…”
Момчето ја послушало, но за тоа време задувал силен ветер и го оддувал целиот песок од неговата рака…
– “Ни на овој начин не успевам да го задржам песокот…!!”
На тоа мајката со насмевка на лицето, му рекла:
– “Сега повторно земи малку песок во раката и држи ја дланката како да е во облик на лажичка, доволно затворена да може да го задржи песокот и доволно отворена да биде слободен…”
Момчето ја послушало и песокот му останал на дланката, заштитен од ветерот и слободен да не се лизне низ прстите…
Ете… така се чува љубовта…
