After Midnight

Како успешно да освојувате!

Направено е истражување кое е објавено во Европскиот магазин “Личности” спроведено на повеќе од илјада мажи и жени кои тактики најдобро делуваат. Најуспешните женски тактики вклучуваат жената да делува сигурно во себе, разговарање со други луѓе, воздржување од секс, сарказам, делување како да е зафатена, предизвикување, флертување со други и одбивање првите неколку повици за состанок.

Истражувачите анализирале 58 иритирачки стратегии кои жените ги користат кога се прават тешки за освојување – од флертување со другите и вообразено однесување до активирање на телефонска секретарка на додворувачот кој се јавува

Сè на сè, поверојатно е дека жените ќе се преправаат дека се тешко достапни отколку мажите, а научниците сметаат дека така е поради тоа што се обидуваат да се осигураат дека потенцијалниот партнер ќе остане со нив.

Од друга страна, некои психолози и терапевти сметаат дека оваа стратегија е застарена, врз основа на тоа што жените со неа најверојатно ќе привлечат партнер со кој не се вклопуваат и кој ќе си замине штом остане без предизвик.

 

Write A Comment