After Midnight

Како вагината се менува во 20-те, 30-те и 40-те години?

Знаете ли како ќе изгледа вашата вагина за 10-тина години? Се сеќавате ли како изгледаше пред 5 години?

Во 20-те години

Пубертетот конечно заврши, а вашите органи веќе се возрасни на изглед. Сепак, заштитните надворешни усни на вагината стануваат потенки. Како што стареат жените, поткожните масти, вклучувајќи ги и оние во гениталиите се намалуваат.

Во 30-те години

Промената во хормоните за време на бременоста може да води до потемнување на внатрешните усни кои се наоѓаат околу клиторисот и вагиналниот отвор.

За време на бременоста матката може да достигне и големина на лубеница. Сепак, шест месеци после бременоста матката повторно се собира. Околу 32 проценти од жените кои раѓаат со царски рез ја поштедуваат својата вагина од ширење, иако раните од операцијата можат да болат и чешаат со години.

Во 40-те години

Иако јајцеклетките кај жените се намалуваат во 40-те години, тие сепак овулираат. Циклусите се многу пократки, а телото се подготвува за менопауза пет до десет години пред истата.

Вашите репродуктивни органи се заштитени со ткиво, тетиви и мускули. Вишокот килограми, стареењето или години физичка активност/неактивност можат да го ослабнат карличното дно ширејќи ги органите. Истото би го спречиле со кегелови вежби.

Нивото на естроген се намалува, а тоа се одразува на алкалните киселини во вагината. Дизбалансот на алкалните киселини може да води до воспаленија, ѕидовите на матката стануваат потенки и посуви. Во оваа фаза од животот се препорачува редовен секс.

Write A Comment