After Midnight

Како засекогаш да остане заљубен во вас?

Да се заљубите и да направите некој да се заљуби во вас и да ве сака онолку колку што вие го сакате него е многу тешко, но не и невозможно. Ќе морате да вложите голем труд доколку сакате партнерот засекогаш да биде заљубен во вас. Еве и на кој начин можете тоа да го постигнете.

Излезете од рутината

Доколку сте долго со едно момче, сигурно сте западнале во некој вид на рутина, особено ако живеете заедно. Мора да излезете од рутината за да му бидете секогаш интересни.

Постојано менувајте нешто кај себе

Менувајте кај себе некои работи, така што партнерот  ќе има впечаток дека не ве познава во потполност. Така постојано ќе открива некои нови работи за вас.

Натерајте го да ве почитува

Однесувајте се така што вашиот партнер автоматски ќе ве почитува. Кога во врската има почитување, постои и љубов.

Почитувајте го и вие него

Кога партнерот знае дека го почитувате, го сакате и му верувате, тој ќе ви возврати со истите чувства.

Држете го заинтересиран

Не дозволувајте да му биде досадно со вас. Заедно правете некои работи кои ве интересираат, а кои се интересни.

Дајте му простор

Иако го сакате и сакате тој вечно да биде заљубен во вас, треба да знаете кога да се повлечете и да му дадете малку простор. Тој многу ќе го цени тоа.

Write A Comment