Страсни, романтични, перверзни или досадни…за тоа какви сте во кревет зборува не само хороскопот и карактерот, но и вашата крвна група.
Докажано е дека крвната група има големо влијание врз сексуалниот темперамент на луѓето. И така ако сакате да откриете што ве чека под чаршавите со потенцијалниот партнер или пак ве интересира да се проверите себе си, читајте која крвна група што значи…
Крвна група О
Во вените на овие луѓе тече врела крв! Тие се многу темпераменти или ненаситни во сексот. Претставниците на крвна група О преливаат од сексуална енергија, сакаат да експериментираат во кревет и да се даваат до максимум. Што значи дека ако вашата симпатија спаѓа во оваа група подгответе се за доста бурна ноќ.
Крвна група А
Понекогаш имаш чувство дека во вените на овие луѓе не тече крв. Тие изгледаат ладно и воздржано – особено во однос на љубовта. Често издигаат ѕидови, ги кријат емоциите и оставаат впечаток на незаинтересирани. Но имајте повеќе трпение со нив. Всушност тие се многу чувствителни и ранливи и тоа е нивната заштитна реакција. Тие имаат потреба од време за да се опуштат – и во сексот исто. Во однос на сексот сакаат да бидат водени и да не бидат во доминантна позиција. Не се особено креативни, но се чувствителни и нивните партнери се повеќе од задоволни. Особено ако успеале да ја стекнат нивната доверба и љубов.
Крвна група Б
Ако сретнете луѓе со ваква крвна група во вашето секојдневие ќе ги сметате за премногу тивки, повлечени па дури и досадни. Но во вените им тече бурна крв и тоа лесно се препознава во кревет. Таму тие се страсни, темпераментини и многу палави љубовници. Дефинитивно нема да ви биде досадно со таков човек!
Крвна група АБ
Ова е убиствена комбинација! Луѓето во чии вени тече крвна група АБ се неверојатно сексуални. Тие се спремни за еротски авантури секогаш и во било кое време – вистински секс машини. Носителите на оваа крвна група не се едноставно темпераментни, тие се перверзни. Сакаат да пробаат се што е забрането и понекогаш дури се плашат дека ќе го шокираат партнерот со своите еротски фантазии и желби.
