Ако ги прашате мажите, женските фиоки со долна облека би требало да бидат полни со чипка и карнери, додека припадничките на женскиот пол почесто се одлучуваат за удобна и практична долна облека.
Во истражувањето за долна облека, мажите откриле дека кај подобрата половина најчесто сакаат да видат црвена боја, но и чипка, машни, циркони, додека обичната долна облека не им е воопшто забавна.
Добра вест за сите припадници на машкиот пол е тоа што во анкетата, 84% од женит откриле дека поседуваат долна облека од таков тип и истата им ја зголемува самодовербата, меѓутоа не им е баш практично за секојдневно носење.
Иако во целост сфаќаме, можеби не би било лошо малку почесто да посегнуваме по такви парчиња, на обострано задоволство.
