Верувале или не, личноста која не ја познавате можете да ја “прочитате” со помош на нејзините усни, со оглед на тоа дека е докажано дека нивната големина и облик моногу зборуваат за нечии карактер. Помеѓу останатото на тој начин можете да се “прочитате” и себе.
Доколку сакате подобро да се спознаете себе или некој друг, доволно е да ги погледнете неговите усни, бидејќи тие многу ќе ви кажат.
Полни усни
Доколку имате полни усни, тие покажуваат дека сте страствени и дека сте спремни да направите се личноста која ви се допаѓа да биде ваша. Од партнерот очекувате страст и одлучност. Вие сте личност со многу самодоверба и храброст. Луѓето со полни усни се духовити и знаат добро да се забавуваат.

Тенки усни
Вие сте практична личност, но несигурна. Веројатно страдате од комплекс на помала вредност. Мирна сте и сталожена личност која исклучително ги цени деталите. Иако делувате срамежливо и сакате да стоите настрана, кога се во прашање големи борби и расправии, од нив излегувате како победник. Вие сте блага, чувствителна и интуитивна личност.
Широки усни
Перфекциониста сте, друштвена личност и имате многу пријатели со различни интереси. Личностите со широки усни се успешни, талентирани и сакаат да ги држат конците во свои раце.

Округли усни
Вие сте позитивна, шармантна и бунтовна личност која е склона на неверојатни љубовни авантури.
Усни во облик на срце
Вие сте заводлива и сензуална личност. Независни сте и полни со самодоверба. Не се плашите да ја земете судбината во свои раце и имате изразена потреба за љубов и добрина.

Усни спуштени надолу
Таинствени сте, но луѓето ве сметаат за интелигентна и духовита личност. Меѓутоа, вие сте исто така и многу пребирливи, па затоа понекогаш е тешко да ви удоволат.
