After Midnight

Кога еден маж сака една жена

Кога еден маж сака една жена, тоа е напишано на нејзиното лице. Таа е спокојна, силна и самоуверена. Поретко ја манифестира женската лудост и параноја. Се грижи и се дава целосно.

Кога еден маж сака една жена, го сака и сексот со неа. Не се согласувам целосно со максимата дека “жените го користат сексот за да добијат љубов, а мажите ја користат љубовта за да добијат секс”. Но нема маж кој негира дека сексот е од суштинско значење за една врска.

Кога еден маж сака една жена, ја почитува. А штом ја почитува, го прави најдоброто за неа.

Кога еден маж сака една жена, и дава сигурност. Жената која добива сигурност и почит, има доверба во мажот до себе. А довербата е златен клуч за успешна врска.

Кога еден маж сака една жена, ја сака само за себе. Го полудува мислата дека таа му припаѓала на некој друг и сака да го избрише целосно нејзиното сексуално минато.

Кога еден маж сака една жена, прави многу грешки. Мажот кој сака е како дете – наивен, па дури и смешен. Сакајќи да го обезбеди најдоброто за жената што ја сака, прави глупост по глупост. Се разбира, виновникот е таа.

Кога еден маж сака една жена, жртвува дел од своето его, за да ја победи нејзината гордост. Не му е гајле дека ќе ја загуби почитта од околината, за да ја освои нејзината доверба.

Кога еден маж сака една жена, не се срами да манифестира слабост пред неа.

 

Write A Comment